Непознати сторители ограбиле возило на “Охридска банка“ што превезувало пари, на автопатот Велес – Скопје во близина на скопското село Кадино.
Возилото на банката во кое имало и обезбедување, застанало на автостопер, по што пристигнале две вооружени лица и со закани одзеле непозната количина пари.
Зошто возилото на банката застанало на автостопер е нејасно. Возилото превезувало пари од Битола во Скопје.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
					



							






