Деновиве интензивно се одвиваат градежните активности за возобнување на оградата на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Обновувањето на оградниот ѕид се врши врз основа на проект кој го подготви охридскиот Завод и музеј, врз основа на фото-архивата на Историскиот архив од Охрид, каде што постојат документи за изгледот на старата ограда на „Света Софија“, која била урната во првата половина од дваесеттиот век.
Според најавите од Охридската локална самоуправа, врз изградениот камен ѕид ќе се постави ограда од ковано железо каква што имало во минатото.
Со поставување на оградата, според надлежните ќе се реши проблемот кој настана со поставување на бетонските столпчиња околу црквата што наиде на отпор кај локалното население.
OhridNews