Британската Влада донесе одлука за ублажување на дел од мерките во врска со присуството на спортски настани на отворено – од 2 декември дел од спортските објекти, вклучително и фудбалските стадиони, ќе бидат отворени за гледачите. Планот е веќе одобрен, а подоцна вечерва, премиерот Борис Џонсон ќе го објави тоа во јавноста.

Според планот, ова ќе се случи во т.н. Зона 1 и зона 2, кои ги опфаќаат областите каде ширењето на Ковид-19 е најконтролирано.

Стадионите од прва категорија ќе дозволат максимум 4.000 гледачи, додека оние од втората – до 2.000 гледачи. Во областите на зоната 3 спортските објекти ќе останат затворени.

Според локалните медиуми, само два стадиона во Премиер лигата – на Брајтон и на Саутемптон, влегуваат во зоната 1 и тие можат да дозволат максимален број од 4.000 фанови.

Клубовите во Англија, кои трпат големи загуби поради затворени стадиони се надеваа дека ќе им биде дозволено да отворат трибини со соодветен процент од нивниот капацитет. На крајот, бројот на луѓе останува фиксен. Сепак, ова е тешко олеснување за самите клубови, бидејќи таквата организација може да ги зголеми цените на натпреварот наместо да генерира приходи.

На пример, ако Тотенхем биде домаќин на 2.000 гледачи на својот нов стадион со 62.000 места, ќе биде многу поскапо стадионот да биде отворен за толку многу луѓе отколку да остане затворен.

OhridNews