Синоќа во 22:45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека 49-годишен охриѓанец починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Тој, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги расветли околностите под кои се случила несреќата.

Г.М.