Охриѓанецот Александар Петрески со нова песна насловена „Сами до зори“.

На почетокот, кога почнав да ја компонирам, песната ми имаше некако божиќна атмосфера. Така беше и понатаму, кога наеднаш се одлучив да го свртам курсот. Текстот го изменив и испадна таква каква што е сега, со љубовна тема. Сентишите од секогаш биле моја дома… Во оваа песна зафатив поразличен музички правец, секако трудејќи се да го задржам мојот препознатлив инструментален и вокален стил. За што точно се работи заклучете сами…, вели Петрески.

Текстот, музиката, аранжманот и аудио продукција се комплетно негово дело. Со оваа песна, посочува, ја завршува продукцијата и компонирањето нови песни за 2025 година која, вели, му била успешна на многу полиња.

На музички план остварив само две авторски песни, последнава и инструменталката Calmness Part V која е дел од колекцијата инструменталки инспирирани и посветени на Охридското Езеро и Охрид. Во блиска иднина го планирам и албумот „Calmness“, потенцира Петрески.

Но, ова, додава се само проектите кои се објавени, а во фаза на изработка се уште многу други проекти, соло и во соработка со други артисти.

OhridNews