Анастасија Смилевска од Карате клуб „Кун-су-то“ од Охрид освои сребрен медал на Државното првенство во карате за кадети, јуниори и У21, што денеска, 29 ноември, се одржа во Скопје.
Охридската каратистка го освои второто место во дисциплината борби, во категоријата јуниорки до 66 килограми, информираат од клубот.
На Државното првенство, организирано од Карате федерацијата на Македонија, учествуваа над 200 каратисти од 38 клубови. Натпреварите се одвиваа во вкупно 78 категории, а беа одржани 393 меча.
Со освоениот сребрен медал, Смилевска забележа уште еден значаен резултат за својот клуб и охридското карате.
Г.М.














