Младинската екипа на ГРК Охрид во 12 коло забележа победа над врсниците од Алкалоид 32:29.
Во интересен натпревар што се одигра во салата „Билјанини извори“, надежите на Охрид беа подобри и поконцентрирани во клучните моменти, и заслужено славеа вредна победа.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Илија Трајчески со 12 гола, Христијан Софкоски постигна 7, Ерен Алиша 4, Јован Спироски 3, Тане Јанчески и Антонио Бошкоски по 2, Филип Шукарески 1, Христијан Пупунцоски1. Во составот уште беа и Матеј Крстески, Кристијан Лазароски, Ангел Ристоски, Лука Којчиноски, Дарјан Фармакоски, Ѓорѓи Николовски, Горазд Станкоски и Димитар Митаноски,

Во следното коло младите ракометари на Охрид му гостуваат на Еурофарм Пелистер во Битола.
Г.М.












