Граѓанин на Охрид синоќа крвнички претепал бездомно маалско куче. Кучето се здобило со тешки повреди и се бори за живот објави на Фејсбук активистот Климент Арнаудов.
Душево се борит за живот, не може да се исправи, па рентгенот ќе покажит со какви скршеници се соочува и дали има и внатрешно крварење. Кучево било плашливко, не правело ни некаква штета ниту агресија пројавувало. Дали е бездомно кученце или на сопственик ништо ама баш ништо не менува – злото е зло, беззаконието е беззаконие, напиша Арнаудов на Фејсбук.
Повреденото куче е пренесено во Битола на понатамошен третман и ќе биде згрижено во клиниката Буневски.
Случајот е пријавен во полиција и се очекува истиот да биде расветлен. Согласно законот за ваков престап се одговара кривично.
Неодамна во државава за прв пат беше изречена тримесечна затворска казна за нанесување тешки повреди од кои угина кучето Феликс.
OhridNews