На 19.01.2023 година околу 22.30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз 21 годишно лице од Охрид од страна на тројца сограѓани. На 21 годишното лице му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид, информираат од СВР Охрид.
Според пријавеното од 21 годишното лице, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од тројцата сограѓани и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Додава дека известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
OhridNews












