Во Дупнуца,Р. Бугарија во тек е Балканското теквондо првенство каде силите ги одмеруваат 800 натпреварувачи од Балканот, а извонреден успех забележа членот Теквондо клуб Хваранг Фист од Охрид. Ненад Целески.

Ненад Целески во 1 коло вчера го победи претставникот на Романија, во полуфиналето претставник на Косово и во финалето вториот претставник на Романија, со што стана Балкански шампион во Олимписко теквондо – јуниори +78кг.

Ова е само потврда на бронзениот медал од Г1 турнирот и знак дека Ненад од наредната година сериозно ќе се вклучи во борбата за норма за следната Олимпијата, информира клубот.

Јана Спироска после победата над косовската репрезентативка, во второто коло изгуби од претставничката на Бугарија, а Петар и Ѓорѓи Петкоски загубија во првото коло.

Денес на распоред се борби од категориите пионери и сениори.

Охридскиот Теквондо клуб Хваранг Фист има 4 претставници во македонскиит тим.

OhridNews