Изминатиот викенд во Смедерево, соседна Србија, започна да функционира новоформираниот боксерски проект OPEN BALKAN BOXING CUP на кој учество зедоа клубовите со своите најдобри боксери од Србија, Црна Гора, Македонија Босна и Херцеговина и Албанија. Предвидено е лигата да содржи десет кола кои ќе се одржуваат секој месец на различна локација во соседните земји, како и во Македонија.

Следното коло на програмата е на 6 и 7 октомври во Куманово каде охриѓани ќе настапат со повеќе свои натпреварувачи.
Во недостиг на поголем број на натпревари ова е одлична прилика за боксерите да се стекнат со потребното искуство за постигнување на високи резултати, затоа боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ макотрпно ќе се подготвува и ќе настојува што помасовно да настапува на овие натпревари истакна тренерот Владимир Цекиќ.
Истите ќе бидат емитувани во живо на српскиот спортски канал Arena Fight.
OhridNews












