Охриѓани со поддршка за владиката Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
19.01.25 08:41
По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат крстот ќе биде положен од страна на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој администрира со Дебарско-кичевската епархија после упокојувањето на владиката Тимотеј.
Oхриѓани не ја пропуштија шансата да ја искажат својата радост за Неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината Негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на Архиепископот Стефан, за поставување на епископот Антаниски г. Партениј за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на Архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за владиката Партениј, барајќи го да биде поставен за Митрополит на местото на дедо Тимотеј.
Денеска ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од снег Кон крајот на денот врнежите ќе престанат Ќе дува умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достиг...
Ноќеска во 00:30 часот, при контрола на кабаре во Охрид, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во содејство со мобилната единица „Task Force...
Во Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани во третото тримесечје од 2026 година се родени вкупно 211 деца, додека во истиот период починале 309 лица, со што регионот бележи негативен природен прираст од 98...