Денеска ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 2 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од – 18 до – 3 степени, а дневната од -4 до 3 степени.

Г.М.