Приведен охриѓанец кој користел лажен сертификат во угостителски објекти во Охрид.

На 13.02.2022 година во 00.45 часот, во СВР Охрид приведенo е 20 годишно лице од охридското село Лескоец. При контрола на угостителски објект во Охрид, извршена во содејство со Државниот пазарен инспекторат, беше констатирано дека тој користи лажен ковид-сертификат за извршена имунизација, информираат од МВР.

Против него ќе биде поднесена соодветна исправа.

OhridNews