СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

На 15 март тој на социјална мрежа „Фејсбук“ на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево, информира МВР.

OhridNews