27-годишен охриѓанец, вчера, во 23 часот, пријавил дека врз него било извршено насилство од страна на 47-годишно лице од Охрид.

  • Според пријавеното, настанот се случил во маркет на улицата „15 корпус“ каде настанала меѓусебна вербална расправија, по што, пријавениот со метален предмет го нападнал пријавителот на настанот по што бил пренесен во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди.  Лицето кое нападнало е приведено и задржано во полициската станица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против него, по целосно документирање на настанот, СВР Охрид  ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews