Охриѓанец превезувал огревно дрво повеќе од дозволеното со документација.
На 27.12.2021 околу 14 часот на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Шумската полиција извршиле контрола на товарно возило „ТАМ“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од охридското село Косел. Притоа, било констатирано дека превезувал повеќе огревно дрво отколку што било внесено во транспортната документација. Возилото и дрвната маса биле одземени и предадени на Шумското стопанство „Галичица“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












