Од СВР Охрид информираат дека вчера попладне, околу 15.30 часот на улицата „Партизанска“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на двајца охриѓани, на возарст од 47 и 29 години.

  • По вербална расправија, помладиот охриѓанец извадил пиштол и започнал да му упатува закани на другото лице кое се сокрило во угостителски објект кој бил во близина. По преземени мерки утврдено е дека се работи за пластичен пиштол, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со двајцата учесници во нарушувањето, извршен е разговор во СВР Охрид, по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews