Денеска во 10:10 часот на крстосница од улица „Ѓорче Петров“ со улица „Сарај“, во близина на мостот Сарај во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишно лице од с.Љубин, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од 51-годишен жител на Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шкода“ (46) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на незгодата извршен е увид, информира МВР.

OhridNews