Уште едно нарушување на јавен ред и мир регистрира СВР Охрид. Во инцидентот, како што соопшти полицијата со тешки повреди се здобило едно лице.

Немилиот настан се случил синоќа во 22.30 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, каде бил нарушен јавниот ред и мир со вербалана расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу 55 годишно лице и 28 лице во која подоцна се вклучиле уште две лица, сите од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 55 годишниот охриѓанец кој е задржан на лекување во Општата болница во Охрид. – информира СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews
фото: илустрација