„Не е точно дека сум извршил узурпација на недвижност“, вели охриѓанецот Зоран Петрески против кого е поднесена кривична пријава, како што информираа од МВР, поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Кривична пријава е поднесена и против правното лице „Зорпалче“ во кое пријавениот е одговорно лице.

Петрески тврди дека постапувал согласно законските прописи.
- Правното лице „Зорпалче“ ДООЕЛ Охрид има склучено договор за краткотраен закуп на 03.02.2014 година со важност од пет години. Објектот е изграден легално според проект одобрен од општина Охрид. На 14.05.2018 година поднесено е барање за продолжување на договорот во времетраење од три години, тврди Петрески, додавајќи дека барањето за краткотраен закуп било навремено поднесено.
Според МВР, при извршен инспекциски надзор било утврдено дека во текот на 2019 година, пријавениот, во својство на одговорно лице во правното лице, зазел туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот во општа употреба и на катастарска парцела во охридското село Коњско, бесправно и спротивно на договорот за краткотраен закуп, изградил времен објект и поставил урбана опрема.
Изградил објект на на туѓ имот
OhridNews











