Младиот охридски хип хоп артист Димитриј Топаловски со нова нумера насловена „Crypto“.

Текстот на песната е негово дело, а микс мастерот е направен од Мечкаров Наум Долоски. Видеото го едитираше Димитар Цацаноски, а битот го направи Омер, додека сликите Јован Василевски.

Ќе продолжам да снимам песени и понатаму и за брзо го најавувам и албумот за кој повеќе детали ќе откријам со наредната песна. Напорно работам и имам желба да снимам и со познати артисти од Македонија. Среќен сум што напредувам и големо благодарам до сите кои ми помагаат да го реализирам тоа што го замислувам, односно да го одам патот на музиката, вели Топаловски.

Напоменува дека сите песни од албумот кој е во подготовка ќе се снимаат кај Мечкаров Наум Долоски.

Пред неколку месеци Топаловски изработи и mashup на песната Теренца.

OhridNews