Охриѓани денес во рамките на парламентарниот карван „Собрание за граѓаните“ имаа можност одблиску да се запознаат со работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, а оставарија и средби со пратениците од Охрид.
„Собрание за граѓаните“ е караван во кој Собранието се презентира пред граѓаните, а денес е во Охрид и покрај едукативните средби со граѓани и ученици очекуваме да се сретнеме и да слушнеме од граѓаните забелешки и предлози, да им доловиме што работиме, да им одговриме кои се нашите одговорности, да кажеме кои се надлежностите на Собранието и пратениците, рече пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска.
Очекувам дека ќе имаме добра средба со граѓаните. Имав средба со ученици од Гимназија, Економско и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, поставија многу прашања. Навистина ми е посебно драго што младите знаат и да поставуваат вистински прашања, да бараат одговори и да бидат критични и да бараат од нас отчетност. Прашањата беа пред се поврзани со образование, за организација и скратување на часовите, но имаше и дали ќе се среди еднаш работата на институциите и правниот систем во државата, за тие да останат и да живеат тука, заради тие прилики да не одат надвор од државата. Заедно заклучивме дека треба да работиме, дека работиме и со скринингот за ЕУ за нас одпочнува еден пакет за усоглаување на нашето законодавство но и работата и отчетноста на институциите. Верувам дека тоа ќе биде едно оддавање на вистинска насока и правец за функционирање на државата. Заклучивме дека треба да се потрудиме сите заедно да работиме и државата да ни биде каква што посакуваме, рече Лазаревска.
Целта на настанот е пратениците да излезат меѓу граѓаните, затоа што, нашата работа е всушност меѓу граѓаните истакна пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
Учениците и граѓаните имаат можност да ни поставуваат прашања и да ни пренесат дел од проблемите за кои би се бореле во Законодавниот дом да бидат надимнати, да ни пренесат идеи, пофалби и критики за нашата работа. Да видиме какво е расположението кај граѓаните дали се задоволни од нашата работа, дали имаат потреба од нас. Нашата канцеларија е во склоп на Градскиот пазар и граѓаните може да не посетат и таму, да закажат средба доколку се соочуваат со проблеми во секојдневното живеење, ако имаат прашања или да се поднесат некои амандмани. Се што е поврзано со работата на Законодавниот дом ние сме на располагање да им излеземе во пресрет и заеднички да се бориме за подобрување на сите работи во општественото живеење, рече Петкоска.

Н.С.Ј.














