Жителите на Охрид, како и многу други градови во земјава се мобилизираа и започнаа акција за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија.
На булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на бензинската пумпа „Окта“ отворен е хуманитарен пункт каде се собира помош. Пунктот ќе биде отворен до сабота, секој ден до 20 часот.
-Добро ќе дојде секоја помош. Граѓаните истата може да ја донесат на пунктот, каде ќе биде соодветно селектирана и складирана. Планираме акцијата да трае до сабота, по што собраната помош со возило ќе се дистрибуира во погодените подрачја од земјотресот во Албанија.- истакнаа иницијаторите на акцијата која ја поттикнал Адриан Хасани од компанијата „Еуро Билдинг“.
OhridNews