
Во исто време таа влезе и во тимот од најдобрите ученици према постигањата на сите олимпијади од меѓународен карактер за оваа учебна година (до ММО). Според тоа Христина Митреска е член на тимот на Македонската репрезентација на 36-тата Балканска математичка олимпијада (БМО), за ученици од средните училишта, што ќе се одржи во Кишињев, Република Молдавија, во периодот од 30-ти април до 5-ти мај 2019 година каде ќе учествуваат најдобрите математичари од 11 држави- членки и уште толку земји- гости од Европа и Азија.
Ова е престижна олимпијада и добра можност за учениците да го покажат своето знаење, да се дружат и да се запознаат со различни култури.
OhridNews












