Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила синоќа во 22.40 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на  превојот „Ѓавато“, во близина на мостот над с.Кажани.

Според полицискиот билтен, од засега неутврдени причини, дошло до судар на  влечно возило „Даф“ со приклучно возило, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид.

Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи. Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција, информира МВР.

OhridNews