Вчера околу 14.30 часот во близина на бензинска пумпа на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 44-годишна охриѓанка, која управувала мотоцикл „јијинг“, со струшки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.
Во незгодата, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












