Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од 22 до 24 август ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид.
Во петок на 22 август љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека третиот фестивалски ден, 24 август, е резервиран за настапот на Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески (класичен џез), велат од Општина Охрид.
Сите концерти се со почеток од 20:30 часот во предворје на црквата „Св. Софија“
Три вечери, еден фестивал, безброј моменти за паметење. Не пропуштајте!, порачуваат организаторите.
Општина Охрид го организира Фестивалот со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
OhridNews