Охрид `04 не задоволен од делегирањето за дербито во Прилеп
01.10.10 10:10
Спортскиот директор на Фк Охрид 2004 , Гоце Маркоски го искажа незадоволството од делегирањето на судиската тројка за дерби мечот наредниов викенд во Прилеп. Тетовчанецот Јоспи Бартон е делегиран за главен судија за мечот меѓу второпласираниот Охрид и 11 Октомври еден од аспирантите за влез во Првата лига.
– Дербито на колото му е доделено на Јосип Бартон, судија кој лани без потреба ни го прекина мечот против Локомотива во Велмеј, по кој бевме драстично казнети и претпревме голема финасиска загуба, патувајќи и играјќи ги мечевите надвор од Охрид. Годинава на куп мечот со Силекс во првата рунда од националниот куп на “Билјанини Извори“ бевме оштетени од истиот тој судија, а сега тетовчанецот ни е делегиран во Прилеп на дербито со 11 Октомври.
Судиската организација мора да обрне повеќе внимание на арбитрите кои ги делегира на нашите мечеви. Ние заедно со Миравци, Тиквеш и 11 Октомври сме главните фаворити за влез во елитата, и бараме да се применува истиот аршин за нас како и за нашитете опоненти. Натпреварите на нашите конкуренти ги водат прволигашки судии, додека на нашите се делегираат судии кои допрва го учат занаетот. Ние не бараме помош од судиите, туку бараме 50-50 реално судење.
Конкретно за мечот со Влазними, езерското дерби кое имаше доста набој, судијата Костенчев мечот го водеше и на наша и на нивна штета, таквото делење на фудбалската правда прави раздор меѓу клубовите, а ние најмалку што сакаме е да се караме со нашите соседи. – вели Гоце Маркоски , спортскиот директор во ФК Охрид.
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.