Охридскиот трговски бренд „Тренд“ деновиве слави 20 години постоење.

Изминатите две децении продавниците со препознатливото „трендовско“ лого станаа навика за охриѓани, но и за купувачите во главниот град. По повод јубилејот во сите продажни места: на „Ангел Тренд“, во тек е голема акција на  попуст на целиот асортиман од 15 %.

 

Дводеценискиот јубилеј претстојниот викенд, 15 и 16 февруари, со многу изненадувања за купувачите ќе го одбележи модерниот „Home centar Ангел Тренд“, наспроти  ЕМУЦ, со дополнителни големи попусти од 15 – 30% на целиот асортиман. За сите купувачи „Home centar Ангел Тренд“ во сабота и недела подготви слатка закуска и пијалак, за купувањето по снижени цени да биде вистинско уживање.

Од овој викенд во „Home centar Ангел Тренд“ со работа почнува цвеќара и гарден центар. „Home centar Ангел Тренд“ во сабота работи од 08.30 до 20.30, а во недела од 08.30 до 16 часот.

OhridNews