Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека утре, 18 јуни, ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат до претптијатието.

Воедно ги охрабруваат граѓаните да го користат зелениот телефон (076/355-327) за пријавување на неправилности или доколку имаат прашања.

OhridNews