Охрид 2004 со пораз на гостувањето во Кратово од Силекс со 5-2 се прости од Првата Лига. На една рунда до крајот познати се патниците кои се селат во понизок ранг.


Кратовци не дозоволија сензација и уште во третата минута поведоа со голот на Насевски. На 1-1 изедначи Клечкароски, а до крајот на првиот дел Атлетски и Зарески погодија за високи 3-1.

На средина на вториот дел Томевски со вториот гол сезонава, намали на 3-2, но до крајот на мечот охриѓани уште два пати капитулираа.

Нацев од пенал во 86 минута зголеми на 4-2, а во последните минути Насевски со вториот гол на мечот стави печат на победата.

Во последното проштално коло, охриѓани на домашен терен играат против Ренова.

М.П.