Armin van Buuren , еден од најдоброте светски диџеи, синоќа имаше спектакуларен настап на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, на последната вечер од третото издание на фестивалот на електронска музика „Ohrid calling“.

По неколку сета за загревање, нешто по полноќ на сцената се појави van Buuren и приреди извонредно двочасовно шоу исполнето со  агресивен денс ритам, специјални ефекти, ласери и пиротехника.

Публиката од сите страни на земјата, регионот и светот, целосно го исполни тревникот на стадионот во Охрид и прекрасно се забавуваше на музиката на van Buuren, кој се заблагодари на топлиот прием во Македонија.

На третото издание на фестивалот Ohrid calling“, што го организира „Авалон продукција“, а кој е поддржан од локалната самоуправа, покрај Armin van Buuren настапија и Dimitri Vegas & Like Mike, Roger Sanches i Salvatore Ganacci.

Фото галерија:

OhridNews