Се е подготвено за новото издание на најголемиот забавен настан ова лето во Охрид, фестиваот „OHRID CALLING 2019“. Ова лето фестивалот ќе понуди черидневна забава со врвни диџеи од светската електронска сцена, овој пат на нова локација, на просторот на некогашната касарна во Охрид, најави на прес конференција организаторот „Авалон“ продукција..

Ѕвезди на фестивалот кој оваа година очекива рекордна посетеност се: Steve Aoki, Nervo, Vini Vici, Robin Schulz, Hugel, Fedde Legrand, Kungs, Bruno Martini… придружувани од уште десетина одлични диџеи, кои се исклучително актуелни на светската електронска сцена во овој момент.

Низ годините фестивалот „OHRID CALLING“ предизвикува навистина масовна публика и огромно внимание од земјава и регионот, па и од целиот свет. И годинава од продажбата на карти, како и интересот и најавите на многу странци коишто ќе бидат присутни само за „OHRID CALLING“ очекуваме рекордна посетеност од околу 50000 подетители вкупно за сите четири фестивалски дена, од што околу 5000 странски посетители дневно. – изјави Ивана Нолчева од Авалон продукција.

Новата локација во поранешната охридска касарна нуди одлични услови, а организаторите најавуваат вистински спектакл.

Ќе имаме спектакуларна бина со многу светлечки и други ефекти, пиротехника и одличен звук. Особено сме горди што фестивалот се етаблира на светската мапа на фестивали за електронска музика, а тоа го докажавме со настапи на големите ѕвезди како што се Армин ван Бурен, Димитри Вегаас, Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Лост Фрекфенсис, што го потврдува фактот дека фестивалот привлекува најмногу публика и е најголемиот летен музички настан во земјава, со кој сите треба да се гордееме. – истакна Нолчева.

„OHRID CALLING“ дава подрршка на македонски артисти. Годинава на фестивалот ќе настапат перспективниот диџеј Галоски и популарното електро дуо Цирили, браќата Бојан и Андреј.

Посебно ми е драго што сум дел од фестивалот од првото издание . „OHRID CALLING“ претставува еден од најдобрите и најперспективните фестивали не само во Македонија туку и во Европа. Годинешниот лајнап во Охрид е на ранг на Tomorow-land. Задоволство ми е да настапам со артисти како Стив Аоки, Нерво и останатите. – рече диџеј Галоски.

Се надевам дека сите четири вечери ќе бидат одлични. Со ваков лајнап можат да ни завидат сите балкански земји, па и Европа. Има позитивна енергија и се надевам дека добро ќе се забавуваме во Охрид.

Многу ни е ќеиф што ќе се најдеме рамо до рамо со вака големи имиња од светот на електронска музика. – истакнаа браќата Бојан и Андреј.

Интересот за „OHRID CALLING“ е одличен велат организаторите. Билетите за настанот можат да се набават онлајн преку тикет сервисот на avalon.mk, како и на продажните места низ земјата и во Охрид. Сите што имаат купено блок влезници за фестивалот кои чинат од 49 до 100 евра ќе добијат уникатни алки кои ќе треба да ги подигнат со замена на билетите на продажните места кои ќе бидат објавени на социјалните мрежи најави организаторот.

OhridNews