Годинешното мото рели „Македонија независност“ ќе биде по различно од досегашните. Направени се промени во организацијата, рутата и начинот на кој ќе се одржи настанот со цел да му се врати сјајот на релито, но и интересот на учесниците.

Релито ќе се вози од 7-ми до 9-ти Септември. За гостите од странство обезбеден е кампинг простор во Орман еден ден пред стартот на релито.

Предвидената рута е:

1. ден

Старт од Скопје од плоштадот Македонија во 13.00 часот. Се вози до Велес каде ќе има куса пауза на која ќе се положи цвеќе на споменикот во центарот на градот, а учесниците ќе добијат симболични подароци од градот Велес. Од Велес се вози до Радовиш каде е првата контролна точка и се прави куса пауза за освежување на учесниците. Потоа се вози назад од Лакавица преку Криволак и околу 16.00 треба да пристигнеме во Кавадарци. Кампот за учесниците е во Ваташа, сместувањето ќе биде во шатори, а има опција за престој во конаците на манастирот и хотелско сместување за кое МФМ ќе партиципира со 50% од цената за сместување.

2. ден

Поаѓање од Кавадарци во 11.00 часот, возиме до Прилеп, потоа Битола каде се застанува за освежување и поминување на втората контролна точка, а потоа се вози до Охрид. Пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 16.00 часот. Попладнето се предвидени активности за целата група и забава на која ќе бидат доделени сите признанија и сертификати за учесниците. Сместувањето е предвидено во Калифорнија, Партизан и уште неколку хотели. Вечерата е планирана за во пицеријата „Билјанини извори“ кај каналот.

3. ден

Третиот ден е незадолжителен односно враќањето до Скопје е само за оние кои сакаат. Се тргнува од Охрид во 13.00 часот, се вози преку Дебар, а пристигнувањето во Скопје е планирано за во 16.00 часот.

Организаторот обезбедува стартен пакет во кој ќе има маица, билтен, стартен број и сертификат за учество. Обезбедена е и вечера во Кавадарци и Охрид, а грицки и освежување ќе има во Велес, Радовиш и Битола. Организаторот ќе учествува и во трошоците за сместување на учесниците во местата во кои се ноќева.

Ќе има игри за кои ќе треба да се пријавите, ќе има бендови, скара и
евтино пиво, ќе има награди за учесниците и за победниците во игрите, ќе
има и сертификати за секој кој ќе ги помине сите контролни точки и
успешно ќе го заврши релито. Котизацијата за учество на релито е 900
денари за возач и 900 за совозач.

Право на учество на релито имаат сите членови на клубови, како и сите слободни возачи.  Пријавувањето ќе биде преку клубовите со пополнување на формулар, а останатите кои не се членови на некој мото клуб ќе можат да се пријават преку мотори.ком.мк.

ohridnews