Општинската организација на Црвениот крст од Охрид со активности се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст.

Согласно мерките и препораките во време на епидемија, положено беше цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид, а на 19 мај ќе биде организирана и крводарителска акција.

Според охридскиот Црвен крст, акцентот на активностите изминатата, но и во оваа година е ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19.

Слоганот на годинешното празнување „Незапирливи“ ги отсликува заложбите и напорите на организацијата навремено и ефикасно да одговори на предизвиците и последиците предизвикани од ширењето на коронавирусот.

OhridNews