Денес и официјално стартува проектот „Безбедни училишта-хармонична средина “, организиран од страна на канцеларијата на ОБСЕ во Македонија.

Освен општина Охрид, овој проект ќе поддржи уште осум општини во развивањето на стратегиите за безбедни основни училишта и тоа: Битола, Тетово, Македонски Брод, Гази Баба, Бутел, Струга, Кичево и Гостивар.

Како што нагласи при промовирањето на проектот министерот за образование, Панче Кралев, безбедната средина за учење е предуслов за функционален образовен систем. – Само во средина каде учениците се чувствуваат сигурни, тие можат да се фокусираат на учењето, со што образованието би ја постигнало својата цел, рече министерот.

Безбедноста во училиштата ќе биде контролирана од надзорни камери кои помагаат во спречувањето неовластени лица да пристапат на територијата на училиштето и дозволуваат да се следат ситуациите во училишната зграда. Но, неопходно ќе биде и вклучување на администрацијата, учениците и наставниците во процесот на градење безбедна средина за учење и создавање на сигурна работна и училишна атмосфера.

Овој проект нуди можност да покаже како блиската соработка од сите вклучени страни може да создаде безбедна училишна средина за деца и безбедна работна атмосфера за наставниците.

OhridNews