На работниот состанок присуствуваа Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, претставниците на УЕФА, Давид Патриашвили – одговорен за националните асоцијации и “хет трик“ програмата на УЕФА, Маркус Келер – експерт за фудбалски терени и овластени лица од општините Битола, Ѓорче Петров, Гази Баба, Штип, Тетово, Велес, Охрид, Прилеп и Струмица.
За време на престојот. гостите од УЕФА ќе ги посетат локациите на кои е предвидена изградбата на фудбалските игралишта.