– Планираме следната година да организираме туристичка тура по патеките на Виа Игнација. Турата ќе стартува од Рим преку Виа Апиа и Бриндизи продолжува во Драч, од каде се доаѓа во Македонија,Охрид, па што следува посета на Грција и како крајна дестинација е Истанбул. Тука сме да ја провериме рутата и да ја видиме вашата убава земја. Посебно ми се допаѓа Охрид, кој е едно од најубавите места кои сум ги посетил во светот, истакна Мартин Рајт.
Според него Македонија поседува извонредни потенцијали кои ќе го привлечат вниманието на австралиските туристи.