Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и студено време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна темепратура ќе достигне до -1 степен Целзиусов.

Од утре ќе настапи благо затоплување. Дневните температури ќе бидат во пораст, а утринските и натаму ќе бидат ниски и на места ќе достигнат до -13 степени. Слично време ќе преовладува и во четврток, а веќе од петок се очекува дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд и снег на повисоките места.

OhridNews