“Охрид дестинација која мора да ја посетите“ препорачува „Њујорк тајмс“
09.01.10 16:32
Македонија е сместена меѓу 31 топ туристичка дестинација во светот кои угледниот „Њујорк Тајмс“ препорачува да се посетат во 2010 година, јави МИА.
Весникот во рубриката „патувања“, во текстот посветен на Македонија, ја потенцира убавината на Охридското Езеро како едно од најдлабоките езера во светот и на градот Охрид кој е дел од светското културно наследство заштитен од УНЕСКО.
– Во градот кој што датира од неолитискиот период Македонците се гордеат дека на нивната страна од Езерото има црква, манастир или џамија за секој ден од годината богати со фрески, мозаици и икони. Особено атрактивни се неодамна реновираната црква „Св. Климент“ и „Св. Пантелејмон“ кај Плаошник, како и црквата „Св.Јован Канео“ која датира од 13 век, се наведува во текстот.
Весникот наведува дека годинава се планира реконструкција на Охридскиот аеродром вредна 50 милиони долари во очекување на повеќе меѓународни летови во текот на престојната туристичка сезона, а треба да почне и изградбата на шест нови луксузни хотели. Исто така се одбележуваат и реализираните инвестиции за разубавување и побогата понуда на охридските плажи.
Околината на Охрид, се наведува во текстот, изобилува и со богати археолошки локалите. На еден од нив минатото лето беа пронајдени 17 гробници од 5. век, а во 2008 година беше отворен и Музејот на вода што претставува наколна населба од бронзениот период, посочува „Њујорк Тајмс“.
Меѓу триесетината топ дестинации се и Турција, Аргентина Црна Гора, шри ланка
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во петок 13022026 година со почеток во 20 часот Во ова...
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.