Со пригодна свеченост на која присуствуваа бројни гости и видни личности од јавниот живот, денеска беше промовиран здравствениот комлекс „Св. Георгија“ во чии рамки од неодамна со работа започнаа стоматолошкиот центар „Д-Р БАТКОСКИ“,  „ВИА СОЛ“ – солена соба и аптеката „ВИА ФАРМ“.


Во склоп на стоматолошкиот центар „Д-Р БАТКОСКИ“ повеќе децении егзистира ординација по општа стоматологија, а од оваа година центарот  ја надгради својата успешна приказна и со отворање на специјалистичка ординација по ортодонција. Во новите простории опремени со најсовремена стоматолошка опрема граѓаните ќе можат да најдат решение за сите свои стоматолошки потреби.


„ВИА СОЛ“ е прва високо професионална солена соба отворена во Охрид направена согласно сите меѓународни станарди. Нејзина главна особеност е примената на клинички и научно докажаната приридна метода  на лекување со употреба на медицинска сол. На овој начин успешно се лекува астма, бронхитис и други заболувања.


Педесетгодишното искуството и традиција на аптеките „ВИА ФАРМ“ од Вевчани од 2012 година станаа достапни и во Охрид. Здравјето и грижата за пациентите остануваат основна професионална грижа на нашиот фармацевтски тим, велат од „Св. Георгија“.


Новиот здравствен комплекс во Охрид, е лоциран на крстосницата помеѓу улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ во близина на црквата Св. Георгија.

OhridNews