Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз – Тито, вечерва испрати соопштение со кое ја информира јавноста дека се преименува во здружение „Титоисти“, кое, како што стои во дописот до медиумите, ќе делува како целосно независен огранок од партијата „Титови Леви Сили“.
-За таа цел, во текот на минатата недела беше одржано и Основачко собрание на здружението, на кое присуствуваа триесет членови. Од нив, единаесетмина беа назначени во Управниот Одбор, и тројца во Надзорниот Одбор. За претседател беше избран Радоја Митрески. Потпретседателската фунција ја презеде Димитрија Стојкоски – Лепи. – се вели во соопштението.
Како што е најавено, новото здружение насоро ќе биде официјално претставено пред јавноста и ќе бидат соопштени детали во однос на програмата за работа и активности.
OhridNews