Младинскиот Совет – Охрид во рамките на активностите за развој на локалната политика кон младите во општина Охрид ќе формира Младински парламент, како еден од инструментите за вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки. Општина Охрид е меѓу првите општини во Република Македонија која има ваков механизам за вклучување на младите во општествените текови.












