Сeмејството на лајанс клубови во Охрид ќе биде побогато за уште еден клуб. Деновиве ќе биде промовиран женскиот лајанс клуб „Деница“. Воедно ќе биде одбележана и петгодишнината од постоењето на најстариот лајанс клуб во градот ЛК „Охрид“.
Покрај овие клубовиа во Охрид успешно функционираат уште два лајанс клубови, „Лихнидос“ и „Десарети“, кој деновиве беше домаќин на деветтиот конгрес на лајанс клубови од градови под тврдини.