Охридската локална самоуправа додели стипендии на четиринаесет охриѓани, спортисти од различни спортови како дел од проектот „Стипендија за млади таленти- спортист“
Охридскиот спорт се наоѓа во депресија, па со доделување на вакви стипендии се очекува работите малку од малку да се придвижат кон подобро.
Спортисти кои ќе бидат дел од проектот ќе добиват по 2.000 денари, а средствата кои ги доделува градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески ќе бидат искористени за развој на спортскиот дух кај младите и заживување на спортот во Охрид.
– Младите во Охрид речиси и да не се занимаваат со спорт. На овој начин се дава поддршка на младите и талентираните спортисти ,средствата се скромни но очекуваме да делуваат стимулативно за овие спортисти да постигнуваат уште поголеми резултати и бидат пример за други млади луге – вели советникот во локалната и член на Комисијата за одредување на наградените, Јоне Станковски.
Од Комисијата која го одреди добитниците на стипедниите се вели дека се вреднувале постигнатите резултати во последните две години како на локално, државно така и на меѓународните натпреварувања на кои настапиле.
Еве ја листата на наградени : Кафтаноски Филип, Мирчески Славчо и Реџеп Селман (атлетика), Димитар Поп Стефанија, Ставреска Елена, Колески Климе, Мошоски Славчо, Фармакоски Александар (едрење) , Влавческа Христина (фудбал), Тотиќ Вазира (карате), Јосифоски Филип, Петреска Дијана (теквондо), Рупески Петар и Иваноска Александра (веслање)
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон Насоките за изразу...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.