Охрид домаќин на Меѓународна конференција за ладилна техника и топлински пумпи на природни ладилни флуиди 2023. Машински факултет – Скопје, во соработка со Меѓународниот Институт за Ладење (International Institut of Refrigeration – Paris), по 10-ти пат ја организираше Меѓународната конференција на која земаа учество над 150 учесници, врвни експерти во својата област од светски познати компании, факултети, институти, здруженија и асоцијации од повеќе од 35 земји од светот.
Во областа на ладење, греење и климатизација се случуваат големи промени поради проблемите со глобалното затоплување (климатски промени) и штетното дејство врз озонската обвивка. Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на нови технологии со посебен акцент на енергетската ефикасност. Се разменија голем број на искуства и се согледаа можности за трансфер на технологии во областа на ладење, греење и климатизација, информираат организаторите.
Конференцијата која траеше два дена беше отворена од претседателот на организациониот одбор проф. д-р Ристо Цицонков од Машински Факултет Скопје кој даде ретроспектива на сите претходни десет конференции, која беше идејата за оваа конференција во Македонија и како ладењето, греењето и климатизацијата со природни ладилни флуиди е актуелно како никогаш претходно.
Македонија овие три дена беше центар на светската јавност која работи на полето на ладење, греење и климатизација и многу странски агенции ги пренесоа предавањата и најновите технологии кои беа презентирани во Охрид, додаваат организаторите.
OhridNews















