Охрид домаќин на Меѓународниот турнир во oлимписко теквондо „Охрид опен 2025“ на кој учество земаат околу 300 учесници од Македонија и соседните земји.
На отворањето пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков истакна дека турнирот „Охрид опен 2025“ добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска мапа затоа што е пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини кои се негуваат кај нас.
Како човек кој активно се занимавал со спорт, па и сега и покрај бројните обврски „крадам“ моменти да се занимавам со спортски активности верувајте уживам во вакви настани кои пред се се значајни за нашето здравје, развој, а со тоа и напредок на нашето општество. Теквондо е водечки индивидуален спорт во државава кој не направи особено горди на меѓународен план со понесениот златен медал на охриѓанката Парулеска. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на земјата која ја претставуваат, на сите нас. Со овој настан испраќаме порака за афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за негов развој. Теквондо е боречка вештина во која со поединечни квалитети сите имаат подеднаква шанса да се покажат и да напредуваат. На овој начин децата учат дека секој успех зависи од нивниот труд и залагања.Тоа им дава дополнителен мотив активно да вежбаат и тренираат, рече Пецаков.
Рангирањето по појаси, посочи, дава дополнителен мотив и ги тера натпреварувачите постојано да се усовршуваат.
Една од најголемите предности на боречките вештини, секако, е учење самоодбрана. Секој родител сака неговото дете да биде способно да се заштити себеси и другите доколку дојде до несакани ситуации. Ваквите случувања повлекуваат со себе и повеќе посетители и гости пред почетокот на летната туристичка сезона и развој на спортски туризам. Со незапирливиот спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди и трофеи, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси. Верувајте, во ваквите спортски настани не е битно кој ќе победи сите учесници се квалитетни и добри. “Победи ако можеш, изгуби ако мораш, но не се откажувај никогаш. Зошто упорноста може да го претвори падот во неверојатно достигнување, додаде Пецаков.
Потенцираше дека како локална власт и во иднина ќе поддржуваат вакви настани затоа што тие се пример за правилно насочување и градење на нашата младина.
Турнирот е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид со поддршка на Македонската Tаеквондо федерација и Општина Охрид.
OhridNews