Охрид домаќин на Првиот Меѓународен кошаркарски турнир за момчиња до 15 години во организација на ГКК Охрид, а со поддршка на Општина Охрид. На турнирот учество земаат 5 странски екипи и 3 домашни екипи, меѓу нив и екипата на ГКК Охрид.

Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на земјата која ја претставуваат, на сите нас. Токму затоа ми е особено драго што денес за прв пат, со поддршка на Локалната самоуправа се организира еден ваков голем спортски настан во нашиов град. Со овој настан испраќаме порака за афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за негов развој. Ваквите случувања повлекуваат со себе и повеќе посетители и гости пред почетокот на летната туристичка сезона и развој на спортски туризам. Со незапирливиот спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди и трофеи, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси.
Додаде дека Општина Охрид дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски приказни, а така ќе биде и во иднина.
Натпреварите се одржуваат во СРЦ „Билјанини извори“ до 12 мај.
OhridNews
















