Македонската квиз асоцијација (МКА) со големо задоволство го најавува завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, 25 мај, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Овој настан, кој прерасна во традиција, по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид. Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два дела со по четири теми и 100 прашања, а времето за решавање на секој дел е еден час, информираат одрганизаторите.

Автор на прашањата за овој квиз е искусниот квиз-мајстор Мартин Мајк Петрески.

Котизацијата за учество изнесува 150 денари, со можност за уплата на лице место или преку жиро-сметка: 210075841210139.

Пријавувањето е отворено и сите заинтересирани може да го пополнат формуларот на линкот.

OhridNews